Колумбиската пејачка Шакира го најави објавувањето на својот нов албум.
„Мојот нов албум, кој ќе излезе на 22 март, го создадов заедно со сите вас, мојата глутница волци кои беа со мене на секој чекор“, објави пејачката.
„Создавањето на ова дело беше алхемиски процес. Додека ја пишував секоја песна, се обновував. Додека ги пеев, моите солзи се претворија во дијаманти, а мојата ранливост во сила“, рече Шакира.
Најавата за новиот албум за само неколку минути собра 200.000 лајкови и стотици коментари од фановите.
Фото: Фејсбук
Шакира го издаде својот последен албум „Ел Дорадо“ пред седум години и тоа беше нејзиниот 11-ти албум во кариерата.
Минатата година беше исклучително успешна година за Шакира. Колумбијката направи неколку хитови.
Шакира изминатиот период ја поврзуваа со неколку мажи, како Луис Хамилтон и Том Круз.Сепак, ништо не беше потврдено од самата Шакира и гласините останаа обични шпекулации, откако се разведе со фудбалерот на Барселона Жерард Пике по 12 години заеднички живот и две деца.