Во текот на минатата недела од улиците на Велес беше заловено најпрепознатливото куче во Велес, она што ја имало таа среќа да живее 14 години и несреќа да биде моментално во рацете на Јавното Претпријатие Лана – Струмица со закана по неговиот живот зашто боледувал од лајшманиоза – страшна болест единствено за нашите експерти но не и за светските.
Ова е дел од соопштението на „Анима Мунди“, кои реагираат на , како то велат, убиството на кучето, кое никому ништо не му сторило.
-Со денови жители на Велес, активистите и сите што го познаваат Кико се јавуваат и инсистираат да го земат Кико назад жив, свесни за болеста и одговорноста која треба да ја превземат и да го згрижат до крајот на неговиот живот, онолку колку што му останува со оглед на годините. Социјалните мрежи се преполни со објави и коментари од сите што го познаваат Кико, со сведоштва и слики за кучето кое е пријател со цел град, од младо до старо. Незамисливо е куче што не по негова вина скоро целиот негов живот го прошол на улица да има ваков крај, да последните моменти од животот ги помине во кафез и да биде убиен далеку од сите што ги знае и ги сака, велат од „Анима Мунди“ и прашуваат:
-Каде ја изгубивте емпатијата, етиката? Каде ке ја оправдате оваа небулоза и овој одвратен чин на одземање на живот на куче под капата на болест само затоа што е бездомно? Кико има кој да го вдоми, има кој да ја превземе целата законска одговорност што ја носи куче болно од лајшманиоза! Бараме од Агенцијата за храна и ветеринарство, Јавното Прифатилиште Лана – Струмица веднаш да овозможат Кико да се извади од кафез и да се овозможи на имателите на кучето да се грижат за него под официјален надзор. Убивањето на ова куче неможе да биде дел од вашата пракса, порачуваат од Здружението.!