Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје утре повторно нема да ги дава своите услуги, затоа што возачите не ја добија јануарската плата.
Сега вината не ја гледаат во советниците, кои веќе ја изгласаа одлуката за распределба на средства за обезбедување на функционирање на сообраќајното претпријатие, туку во градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈСП.
– Им се извинуваме на граѓаните, утре нема да возиме, не е префрлена јануарската плата, жал ни е но, не можеме, гладни сме, изјави Миќо Стојановски во вестите на „Сител“.
Тој им порача на граѓаните дека утре изутрина нема да има автобуски превоз, но не прецизираше до кога ќе трае штрајкот.
– Се додека не добиеме црно на бело дека од утре па натаму платите ќе се исплатуваат до 10-ти во месецот, порача синдикалецот.