Поранешниот холандски фудбалски репрезентативец Квинси Промес е осуден на шест години затвор за шверц на над 1.350 килограми кокаин. Обвинителството бараше затворска казна од девет години, јавија локалните медиуми во Холандија.
Промес моментално игра за Спартак во Русија и не беше присутен на изрекувањето на пресудата во Холандија. Тој постојано изјавува дека не е виновен, а главните докази против него се состојат од пресретнати „крипто пораки“. Напаѓачот на Спартак најверојатно ќе поднесе жалба на казната, за шверцот што се случил во јануари 2020 година, кога Промес играше за Ајакс.
Русија нема договор за екстрадиција со Холандија, што значи дека Промес веројатно може да ја продолжи кариерата во Спартак ако едноставно одбие да се врати во својата татковина. Ова не е првпат крилниот напаѓач да има проблеми со законот – лани доби 18-месечна затворска казна за напад, откако на забава го избоде својот братучед