Кралот Чарлс го видел својот син принцот Хари само 30 минути за да го задржи нивото на стрес на ниско ниво, изјавил кралски експерт за The Sun.
Роберт Џобсон откри за еден британски таблоид дека 75-годишниот монарх се сретнал со принцот само 30 минути откако тој долетал од Калифорнија. Имено, секој продолжен состанок би завршил само со навлегување во стресни теми кои би го отежнале закрепнувањето на кралот, објаснил тој, пренесува курир.рс.
„Не сакате да му се зголеми крвниот притисок. Кралот не е многу добро, без разлика на видот на ракот, тој се лекува“, рече Џобсон.
Тој исто така додаде дека на монархот ќе му треба мир за да закрепне и дека наскоро може да го напушти Сандрингам за да живее во помирен имот.
-Најдоброто нешто за него е мирот. По првиот бакнеж, прегратка, дека „те сакам тато и се надевам дека ќе оздравиш наскоро“, какви прашања би можеле да се постават? Ќе зборуваат за работи од кои би му скокнал притисокот, објасни тој.