Карин Ројтфелд е истакната фигура во светот на модата, позната по беспрекорниот стил и нејзината влијателна работа како поранешна уредничка на француското издание на магазинот Вог.
Нејзините совети за мода не се само насоки за тоа како да изгледат подобро, туку и како да го пронајдете сопствениот стил кој ќе биде автентичен, но и вечно елегантен.
Игнорирањето на трендовите е првиот чекор кон тоа да создадете сопствен стил. Таа ја истакнува важноста на навиката да не купувате нешто само затоа што е популарно во моментот. Наместо таа, треба да се потпрете на класичните парчиња кои се секогаш во мода. Цветните детали на фармерките можеби се популарни сега, но откако ќе помине трендот, повторно ќе бидете во потрага по нова облека. Затоа клучно е да инвестирате во класика која никогаш не излегува од мода.
Црното здолниште е темел на секоја добро составена гардероба. Карин Ројтфелд препорачува да имате повеќе црни здолништа во гардероберот, бидејќи тие може да се комбинираат на повеќе начини. Без оглед на вашата возраст или вашиот стил, црното здолниште секогаш ќе биде основа за различни комбинации.
Копирање на комбинациите од модните писти може да предизвика губење на индивидуалноста. Наместо тоа, треба да се потпрете на вашиот сопствен вкус. Ако купувате по интуиција и самостојно ги креирате комбинациите, тоа може да резултира со автентичен и единствен стил.
Наместо да ја фрлате старата облека, размислете за тоа да ја обновите. На пример, прекројувањето на старата гардероба може да биде забавенначин за да ѝ дадете живот. Од широките парчиња направете тесни, а од долгите кратки. Ако не сте вешти со игла и конец, посете кројач и споделете ги своите идеи со него.
Познавањето на сопственото тело е клучно за избор на онаа облека која најдобро ви прилега. Вашиот стил треба да ги следи пропорциите на вашето тело. На пример, ако не сте високи широките фармерки можеби нема да ѝ одговараат на вашата фигура.
Комбинирањето на машка и женска облека може да резултира со интересен и оригинален изглед. Кожната јакна од машкиот плакар може да изгледа прекрасно доколку се комбинира со свилена кошула. Исто така, машката бела кошула може да се носи под сако и да добиете софистициран изглед.
Кога се двоумите, секогаш одлучете се за удобност. Понекогаш жените се соочуваат со предизвикот да одберат одредена облека, но на крај дома се враќаат со она во кое се чувствуваат најдобро. Особено ако сте уморни или нерасположени, носењето удобна облека може да ви помогне да се чувствувате подобро во сопствената кожа.
Не морате да трошите премногу пари на облека за да изгледате добро. Наместо тоа, паметно е да инвестирате во класични парчиња. Скапата облека може да биде привлечна, но ако ја носите ретко, таа ќе претставува потенцијално непотребен трошок. Наместо тоа, фокусирајте се на оние парчиња кои ви прилегаат добро и во кои се чувствувате самоуверено.