Една од учесниците на српскиот евросонг е Ана Ѓуриќ Констракта, која веќе ја претставуваше Србија на „Евровизија 2022“.
На социјалните мрежи кружи дел од едно нејзино интервју во кое открила на што никогаш не можела да се согласи од етички причини. Неодамна гостуваше во подкастот „100 минути врева“, каде изјави дека одењето на најголемиот музички натпревар во Европа и го променил животот во секоја смисла, особено материјално, но и открила што никогаш не се согласила да прави за пари.
svaka čast na svemu ikada, obožavam je pic.twitter.com/aRCnEHgbDl
— Greška generacije (@stefidzax) February 10, 2024
Ана раскажа зошто за некои работи едноставно „нема стомак“ и зошто неколку пати одбила многу примамливи понуди за рекламирање на одредени производи.
“Тоа не ми е во ред. Не ми е во ред. Добро, ќе наплатам за мојот лик и дело, океј, ајде. Но зошто би земал 5.000 евра за една објава за тоа… Знаете, тоа е навредливо за мене за луѓе кои седат еден месец од девет до пет, а работат некоја одговорна работа, знаете тоа, навистина ми е нешто… Не сакам да учествувам во тоа“, рече Ана.