Утринава и во рамки на електронскиот систем и физички до Влада ги поднесов двата закони, Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на закон за изменување на Законот за патни исправи на државјаните по скратена постапка, рече министерот Тошковски од пред Собрание.
-Овие два закони како се донесени, кога и со кој ум се донесени е небитно. Денес е последен ден во рамки на кој пратениците, кои зимаат плата од граѓаните, имаат можност да докажат дека работат во интерес на граѓаните, без политиканство и политички игри. Со измена на овие два закони во делот на важност како на возачките така и на пасошите може да се решат проблемите на граѓаните. Се друго е шминка и популизам. Овие два закони се суштински во делот на важноста на документите. Се друго може да искомплицира и граѓаните да не можат да си ги оставарат своите права гаранирани меѓународни конвенции, со Устав и сите цивилизациски придобивки во 21 век. Измените предвидуваат пермутација на четири бројки во двата закони и со политичка волја ќе се реши овој срамен проблем, рече Тошковски.
На прашањето дека ќе се усвојат измените и документите ќе важат, но како ќе се поминува границата ако другите тоа не го почитуваат министерот рече:
-Сакам граѓаните да знаат една работа сомкоја се лажени во континуитет. Само матична држава која издава документ може да го поништи. Одговорно тврдам дека со овие измени не кршиме право, ова се рокови со кои е возможно согласно капацитетите да ги издадеме документите. Ова е реалноста. Сакам граѓаните да знаат дека нема ниту пасоши ниту возачки во доволен број за да се задоволат потребите. Тоа е факт. Ова е единствено нормално, возможно и системски решение кое може да ги реши проблемите и да не предизвика флагрантно кршење на човекови права, рече министерот и додаде дека за среќа заборавиле сообраќајните и личните карти заборавиле да ги сменат.
Министерот беше прашан од каде произлегува дискреционото право на Грција да ги информира сите да не се признаваат документите доколку не стои Северна Македонијатој кажа
-Грција постапува согласно мегународното право. Кој би ја судел Грција. Проблемот е во латентноста, полтронството и немање љубов на нашите функционери кон своите граѓани. Во тоа наскоро ќе се уверат, рече Тошковски