Првата дама на САД, Џил Бајден, им порача на донаторите на кампањата дека не знае што се обидувал да добие специјалниот обвинител Роберт Хур кога му предложил на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден, да не се сети кога починал неговиот син Бо.
„Треба да имаме разбирање за сè и не можам да замислам дека некој ќе се обиде да ја искористи смртта на нашиот син за да добие политички поени“, напиша таа во мејлот до донаторите на кампањата.
Џил Бајден навела дека ако некој доживеал ваква загуба, тогаш знае дека таа не се мери со години, туку со тага.
Специјалниот обвинител Роберт Хур претходно изјави дека претседателот не треба да се соочува со обвиненија за задржување документи и како хипотетичка одбрана го опиша тоа што 81-годишниот претседател има меморија која е матна и лоша и има значителни ограничувања, додавајќи дека за време на интервјуто со истражителите, тој не можел да се сети пред колку години почина неговиот најстар син Бо.