Донесувањето на законот за медиумите, финансирањето на политичките кампањи и финансирањето на медиумите за време на избори, е нешто што се коли не само од страна на ДУИ, и другите политички субјекти беа против и време некои работи конечно и јавно да се кажат, рече во денешното издание на Стадион, техничкиот премиер Талат Џафери.
- Време е некои работи сега и јас да ги кажам. Ако не го донесеме законот ќе не бојкотираат медиумите на изборите, ќе не претставуваат во негативно светло и од таа причина на денот на распуштање на Собранието имаше седница на која е потпишан предлог законот во однос на усвојување на тој член што после Уставниот суд го поништи. Бев на убедување дека тоа е противуставно и ќе биде поништено кој и да го покрене, но бевме уценувани и од тој мој став медиумите почнаа да имаат селективен третман, истакна Џафери.
Целосното интервју со премиерот Џафери следете го во најновото издание на “Стадион” на Канал 77.