Нема што јас да мислам за Курти, нека мислат граѓаните на Косово , оние кои го избрале, рече во денешното издание на емисијата “Стадион” на Канал 77, првиот човек на техничката Влада, премиерот Талат Џафери, прашан за мислење за премиерот на Република Косово.
- Беспредметно е што ќе мислам јас или некој од страна што ќе мисли, секако тој си има свои надлежности и обврски кон институциите и кон граѓаните и во тој контекст беспредметно е што ќе мислиме ние отстрана, вели Џафери.
Зборувајќи за мешањето на Курти во политичките случувања кај нас истакна дека во најмала рака е некоректно и не може да донесе ништо добро, а тоа го покажуваат и искуствата од минатото.
- Не е работата дали нешто ми пречи или не на лична основа , но како принцип од оваа страна никогаш никој, како политички субјекти од тука не се мешал во изборните работи таму. Колегијално и принципиелно би требало да биде да не би се мешале оти и искуствата не се добри од таквите односи. Во 90тите години со замисла дека ќе придонесе во организациските нешта овде се направи она што се направи со партијата за Демократски просперитет, па се формираше партијата ПДПА, па настана ДПА, така што затоа е несоодветно мешањето од таму но изборот е нивни и нема што поинаку да го толкуваме, нагласи Џафери.
Вели дека како технички премиер сеуште не одлучил дали прво би го посетил Курти или Еди Рама, се зависи од координацијата и од динамиката на активностите и на едните и на другите, додава Џафери.