Тетовската полиција поднесe кривична пријава против Г.И.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Според полицискиот извештај на 20.12.2023, А.Р. пријавила дека од страна на пријавениот, со закана и биле земени 5.000 евра како обештетување за навредите кои биле упатени кон него од страна на нејзиниот син преку социјална мрежа.