Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како ја смирува ногата со рака за време на интервјуто со поранешниот водител на вестите на Fox, Такер Карлсон во Москва.
Наводно автентичното видео почна да кружи на социјалните мрежи на кое се гледа како Путин ја става раката на коленото и ја мести ногата за време на интервјуто, откако беше објавено во четвртокот навечер.
What is going on with Putin's leg? pic.twitter.com/A8WQetLUer
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 9, 2024
„Што се случува со ногата на Путин“, напиша во описот на видеото Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, пренесува телеграф.рс.
„Една нога на Путин е надвор од контрола, што се случува“, праша друг корисник на Твитер.
„Путин мораше да си ја допре ногата за да ја смири и спречи да се движи“, беше еден од многуте коментари на видеото.
What’s going on with Putins leg? #Putin #TuckerCarlson #interview pic.twitter.com/KjuguFGh4p
— Casey (@grilldbeef) February 9, 2024
Освен тоа медиумите коментираат дека интервјуто покажа колку рускиот претседател е уверен во сопствените сили, пишува Њујорк тајмс, а на социјалните мрежи се појави и клип од интервјуто во кое Путин лежерно го симнува часовникот и го става.на масата, потоа, лежерно си го масирал десниот зглоб со левата рака на која носел скап часовник.