Поранешниот фудбалер и легенда на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ повторно, исто како и во 2021 година, беше гостин на италијански фестивал Санремо.
Овој фестивал е познат како еден од најголемите промотори на италијанската музика, но кога таму гостува Швеѓанец со босанско-хрватски корени, се слуша сосема друга музика.
Санремо беше отворен само неколку минути кога на сцената излезе познатиот фудбалер кој е обожаван во Италија.
„Застанав затоа што го слушав моето тело“, се пошегува тој додека се качуваше на бината.
Сите ја забележаа песната што го следеше додека доаѓаше. Пред три години тоа беше неговиот омилен хит „Утро е“ на српската фолк пејачка Нада Топчагиќ.
Овој пат, додека Златан излегуваше на сцената оркестарот ја свиреше песната „Луда за тобом“, голем хит од Лепа Брена.
Медиумите во Србија овој настан вака го коментираат:
„Да ни кажеше некој дека оркестарот ќе ја изведе Лепа Брена во Санремо… Но поради Ибра границите се поместуваат“.