Не поднесувам оставка, останувам министер се додека Собранието не одлучи поинаку.Оставка се поднесува ако не си работел чесно, ако си аморален, јас не планирам оставка, рече министерот за здравство Фатмир Меџити на брифингот со новинарите и додаде дека и по изборите ќе биде министер.
Меџити рече дека веќе се разгледува мислењето на Комисијата за да се прогласи пандемија на голема кашлица во Скопје.
Регистрирани се четири нови случаи во Скопје, во секој момент ќе пристигне одлуката и ќе ја потпишам, додаде тој.
Меџити е кадар на Алијанса за Албанците