Кралот Чарлс (75) ја даде својата прва јавна изјава откако пред неколку дена му беше дијагностициран рак. Тој и се обрати на јавноста по повод 50-годишнината од независноста на Гренада, пренесува The Sun.
Кралот им испрати „честитки и топли и убави желби“, а за време на својот говор тој рече и дека има посебни спомени од Гренада бидејќи ја посетил пред пет години.
-Можам само да кажам колку ми е жал што не можам лично да бидам со вас за да ја одбележам оваа важна пресвртница – рече тој.
Кралот Чарлс почнал со редовни третмани по неговата дијагноза. Тој ќе ги одложи јавните ангажмани, а не се знае кога точно ќе им се врати на сите кралски обврски.
Сепак, тој ќе продолжи со неделните средби со премиерот. Остатокот од неговите должности би можеле да ги преземат принцот Вилијам и кралицата Камила. Минатата година кралот направил дури 516 јавни ангажмани, вклучувајќи 94 патувања, пренесува курир.рс.