Британската јавност не мирува по објавата за тешката здравствена состојба на кралот Чарлс. Принцот Хари, кој не е во добри односи со кралското семејство, пристигна во Лондон, а почнаа шпекулациите како ќе се одвива целата оваа ситуација и дали принцот Вилијам во случај на смрт на кралот навистина ќе го наследи својот татко или можеби има простор за евентуални промени. Се оди дотаму што како пример се земаат пророштвата на Нострадамус кои укажуваат дека кралот нема да биде личноста која се очекува на оваа позиција.
Во документ од 1555 година пишува дека крал ќе стане оној кој не се очекува, па во Британија веруваат дека се работи за помалиот син Хари.
Бакингемската палата објави дека кралот Чарлс Трети е тешко болен од рак, а Британците веднаш се сетија на пророштвото на Нострадамус дека оваа година ќе има промена на тронот. Францускиот пророк предвидел и жестока борба на династијата во која кралската власт нема да ја преземе постариот син Вилијам, туку помладиот принц Хари, кој заминал во доброволен егзил во Америка поради семеен спор.
Британските медиуми во своите новогодишни најави во 2024 година посочија дека Нострадамус ја предвидел смртта на кралицата Елизабета Втора и дека нејзиниот син ќе абдицира оваа година. Сега со морници забележаа дека ова предвидување веќе почнало да се остварува.
Да потсетиме, беше објавено дека за време на лекувањето на простата е откриено дека кралот Чарлс Трети има рак, а неговите должности за време на лекувањето ќе ги преземат членовите на кралското семејство.
Мишел де Нотр Дам (1503-1566), познат како Нострадамус, во 1555 година објавил книга со 942 предвидувања, од кои многу се покажале точни. Од предвидувањата за 2024 година, едно се однесува на Чарлс Трети:
„Бидејќи не го одобриле неговиот развод и подоцна го сметале за недостоен, народот ќе го протера владетелот на островот, а на негово место ќе дојде некој кој не очекувал да биде крал.
Денеска се размислува за односот на Чарлс со принцезата Дијана, која ја изневеруваше со сегашната сопруга Камила Паркер. Затоа во Британија се расправаше за тоа дали тој воопшто треба да седне на тронот, особено по смртта на Дијана во 1997 година. Сега болеста го отвори прашањето за абдицирањето на Чарлс Трети, како и на наследникот.
Според законот, тоа треба да биде постариот син, принцот Вилијам, но предвидувањето на Нострадамус дека „кралот ќе стане оној кој никогаш не очекувал“ ги наведува Британците да мислат дека помладиот Хари ќе го преземе тронот.
Откако ја слушнал веста за болеста на својот татко, Хари побрзал во Лондон, каде што во последните години бил само за крунисувањето на неговиот татко, а Вилијам веднаш објавил дека продолжува со своите обврски по паузата поради болеста на Кејт Мидлтон.
Извор: Србија данас