Познатите личности ретко повикуваа на прекин на војната во Газа, но една од најпопуларните пејачки во деведесетите Ени Ленокс го скрши мразот.
Таа мошне емотивно ја отпеа „Nothing Compares 2 U“ во чест на Шинејд О’Конор за време на сегментот „In Memoriam“ на доделувањето на Греми наградите и повика:
„Престанете со оган. Мир во светот“.
Фановите велат дека она што го направила Ени е одличен начин да и оддаде почит на Шинејд која била позната како палестински активист, а која почина лани во јули на 56-годишна возраст во својот стан во Лондон.
На овој потег на пејачката веднаш реагираа нејзините фанови:
„Шинејд би била горда“, „Ени повикува на прекин на огнот во знак на почит на Шинејд“, напишаа обожавателите на платформата X.
И актерот Калид Абдала, познат по улогата на Доди Фаед во The Crown, исто така повика на примирје на црвениот тепих.