Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое за жал се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле, пишува актерот Игор Џамбазов кој на Инстаграм објави дека ќе ја вдоми кучката Ферхунде за која тој се грижеше повремено за неа во Дојран.
Игор е навистина голем љубител на животни, пред Ферхунде, тој чуваше маче, кое за жал почина пред неколку месеци. Но еве, што вели Џамбазов за новото милениче.
„Утрово ја сместивме во патничко возило и ја однесовме во нејзиниот привремен дом, во Гевгелија, кај тета Александра и чичо Коко. Тие ќе ја исчистат од паразити во мешето, крлежи по крзното, па бањање, па малку козметика, па шетање, па лапачка, па на крајот мирен сон.
А кога Ферхунде конечно ќе дипломира, се враќа во родниот крај каде што ќе живееме среќно до крајот на мојот живот“, напиша Игор.
https://www.facebook.com/reel/1046702569767241