Голема болка во семејството на Пере „Нокаут“. Денес тој е скршен од болка, како што кажа, засекогаш си заминала неговата мајка.
-Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената која ме научи на вистинското значење на љубовта. Мамо,додека не се сретнеме повторно, го носам твоето срце во моето, секогаш и засекогаш. Слава ти… Твојот син Никола со семејството, напиша Пере.
Сочуство на Пере му изразуваат многу негови колеги и пријатели, опишувајќи ја мајка му како жена-лавица.
„Баба жане ќе остане синоним за љубов и борец! Ни остави вечна љубов. Ќе живее преку внучињата“, „Ќе ја паметиме како најдобра мајка и баба.“.. се само дел од пораките за вечен помен..