Изабел Томас, сопругата на холивудскиот продуцент Бредли Томас, извршила самоубиство – потврди Канцеларијата за медицински преглед во Лос Анџелес.
Таа имаше само 39 години, а во понеделникот на 29 јануари скокна од хотелот „Анџелено“. Градските власти како причина за смртта го наведоа самоубиството или повеќекратните трауматски повреди предизвикани од скокот.
Полицијата во Лос Анџелес за Дејли Меил изјави дека одговорила на повикот за мртва жена пронајдена во хотелски базен.
Отпрвин, сведоците рекоа дека таа скокнала од покривот на хотелот, но ТМЗ пишува дека инспекторите утврдиле дека Изабел скокнала од тераса на еден од повисоките катови. Медиумите јавуваат дека не е пронајдено проштално писмо, но полицијата не ја потврди оваа информација.
Бредли Томас е еден од продуцентите на Killers of the Flower Moon, кој неодамна доби 10 номинации за Оскар, а беше во брак со Изабел од 2018 година, со која имаат две деца.