Протестите на фармерите во Европа се шират побрзо од вирус, а од Франција доаѓа шокантно видео!
Париз е блокиран, главното пристаниште и дистрибутивниот центар и на северот на Белгија, со што се затвора водениот сообраќај.
На социјалните мрежи од минута во минута се шират слики и видеа од немирите. Во едни од нив, незадоволните земјоделци пред пазарот на големо во Париз, Ренгис го полеваат знамето на Европската унија со бензин и го запалуваат.
Francja, Rungis: rolnicy palą flagę Unii Europejskiej.
Protesty na autostradach są tolerowane, policja nie chciała jednak dopuścić do blokowania rynku w Rungis, który jest źródłem zaopatrzenia w świeżą żywność dla Francji i innych krajów.#ProtestRolników #FarmersProtest pic.twitter.com/ayqUiN6EdD
— Myślozbir (@myslozbir) February 1, 2024
Дополнителен хаос настана во Брисел, пред зградата на Европскиот парламент, каде дојдоа бројни земјоделци од Италија, Полска, Германија и Унгарија и се судрија со полицијата.
Земјоделски машини го блокираа платото пред зградата, запалено сено и гуми, а конфликтот ескалира до тој степен што полицијата употреби водени топови против незадоволните земјоделци.