Родителите на убиените деца во „Рибникар“ објавија фотографии од своите деца пред судницата каде својата одбрана ја изнесоа мајката и таткото на детето- убиец. Кога завршило рочиштето, Миљана Кецмановиќ излегла и ги погледнала сликите на убиените деца, а нивните родители и викале: „Што гледаш, злобо едн?!“.
Како што јави репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, кога Миљана Кецмановиќ ја напуштила судницата, нејзините родители извикале: „Жено монструм, злобо, што гледаш, што гледаш?!“.
Во Вишиот суд во Белград продолжи кривичната постапка против Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на детето- убиец, како и против двајца работници на стрелиштето каде момчето било со својот татко.
Според изворот на „Блиц“, родителите на детето- убиец се однесувале сосема поинаку од порано, а за прв пат досега заплакале. И тоа наводно, според извор на Блиц, затоа што по речиси една година откако нивниот син ги убил врсниците, станале свесни за последиците. Или сето тоа е глумење?!
-Коментираа дека е се потешко како што стануваат посвесни за последиците од се. Очигледно е дека или излегуваат од состојбата на шок и стануваат свесни за размерите на трагедијата или добро глумат и тоа е нивна тактика – вели изворот на „Блиц“.
Следното судење е закажано за 29 февруари и 1 март.