Ѓорѓе Давид се огласи на Инстаграм и објасни дека се уште е во Македонија, по сообраќајната несреќа во која учествуваше.
Тој рече дека проблем му создаваат вестите што се појавуваат, а кои не се проверени и побара од сите да не го прават тоа.
-Имајте малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам, не објавувајте наслови кои немаат врска со вистината. Не ги добив документите и не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Секој наслов ми прави проблем и предизвикува омраза кај луѓето во ОЈО кон мене затоа што мислат дека јас ги давам тие информации. Кога ќе ги земам документите и ќе ја поминам границата, прв ќе соопштам, рече тој.