„Убедена сум и знам дека Европскиот фронт ќе издвојува победа на парламентарните избори, а пред тоа и на претседателските избори. Нема поубава и поцврста симболика од изборите на 8 мај и победата што ќе ја имаме како коалиција во пресрет на Денот на Европа – 9 Мај“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.
Таа додаде дека се уште нема конечен став околу тоа дали владините партнери ќе настапат со заеднички листи на изборите, но кажа дека тоа што ги убединува СДСМ, ДУИ и Алијанса е европската идеја. „Ги отвораме вратите кон секоја политичка партија, политички субјект, граѓански сектор, поединици кои сметаат, знаат и очекуваат дека СДСМ на чело на Европскиот фронт ќе обезбеди Македонија да биде во ЕУ до 2030 година“ рече Лукаревска.