Наскоро промени во телевизиското шоу Голден карпет. Дел од тимот ќе биде Ева Јовановска, која не е непозната во шоу бизнисот. Таа е поранешната водителка на естрадниот магазин Бекстејџ, ПР менаџер, балерина, инфлуенсерка и модел.
Нејзиниот ангажман во забавната емисија Голден Карпет ќе стартува од први февруари, а ќе може да ја гледате секоја недела од 19.30 часот на Канал5.
Каков впечаток ќе остави Ева ќе кажат гледачите.
Голден Карпет е карактеристичен по интересните содржини, одлични гости познати на Балканот и пошироко,но и по добри водители кои секогаш сервираат убава енергија, забава и ексклузива.