Здравиот живот не подразбира само правилна исхрана и физичка активност, туку и секојдневни мали здрави навики кои во голема мера може да придонесат да се чувствувате добро и витално. Денес ви претставуваме седум навики кои би требало да ги воведете во вашата дневна рутина ако сакате да се чувствувате подобро:
Одмор
Добриот сон е неопходен за опоравување на телото. Погрижете се да спиете помеѓу 7 и 9 часа за да се чувствувате одморено. Квалитетот на сонот значително влијае на вашето здравје, поради што е исклучително важно да имате „поволно“ опкружување во својата соба – квалитетен душек, удобни перници и меко ќебе. Исто така, погрижете се просторијата да биде секогаш проветрена, а температурата во неа пријатна.
Длабоко дишење
Кога ќе почувствувате стрес, застанете на момент и сосредоточете се на длабоко дишење. Вдишувајте длабоко преку нос, задржувајќи го воздухот неколку секунди, а потоа длабоко издишувајте низ уста. Ова може да ви помогне во смирување на нервниот систем.
Пијте чај од билки
Засладените пијалоци заменети ги со чај од билки, како на пример чај од нане или ѓумбир. Чајот може да има добро влијае врз вашето физичко, но и ментално здравје. Одредени билни мешавини може да ви го зголемат и нивото на енергија, а други пак, да ве смират пред спиење.
Медитација
Хроничниот стрес може да има негативно влијание на менталното здравје. Медитацијата помага во управување со стресот и елиминирање на негативните емоции. Повлечете се на неколку минута и тоа практикувајте го секој ден во мирно опкружување. Користете некоја од бројните техники за медитација за да ги смирите мислите, но и за да добиете појасна перспектива.
Масажа на лицето
Со кратка самомасажа на лицето можете да ја подобрите циркулацијата на крвта, да ја намалите напнатоста, а со тоа да дојдете до поздрава и поубава кожа. Со врвовите на прстите можете лесно да го масирате лицето, па и вратот со кружни движење. Оваа техника е лесна и можете да ја вклучите во својата дневна енергија, а вашата кожа ќе изгледа поодморено.
Пробиотици
Пробиотиците може да помогнат во одржувањето здрава цревна флора, а тоа пак е директно поврзано со имунолошкиот систем. Секако, на оваа тема би требало да се консултирате и со својот лекар, а наместо суплементи можете воведете ферментирана храна во вашиот стил на исхрана.
Дневни афирмации
Започнете го или завршете го денот со читање на своите краткорочни и долгорочни цели, како и со читање на некои позитивни афирмации. Оваа навика ќе ви помогне да останете одлучни.