Руската актерка, Елена Јаковлева (62) ја толкува улогата на познатата бугарска јасновитка Баба Ванѓа во популарната серија „Ванѓа“, а со оглед на тоа дека Елена ја игра оваа жена во нејзината старост, ретко кој би претпоставил дека во животот надвор од камерите таа важи за вистинска „бомба“, пренесува Србија данас.
Животната приказна на Баба Ванѓа е снимена во руска продукција. Серијата има 12 епизоди кои го следат животот на бугарската јасновитка и нејзините чудесни претскажувања кои со децении наназад го интригираат светот.
Со оглед на тоа дека целата серија го следи животот на Евангелија Сурчева позната како Баба Ванѓа, поделена е во три етапи и има вкупно три актерки кои го толкуваат нејзиниот лик.
Улогите им се доверени на актерките Наталија Николајева, Ирина Рахманова и Елена Јаковлева. За да успее да ја долови улогата на јасновитка, секоја од нив поминала низ сериозна трансформација, а токму Елена е најнепрепознатлива.
Баба Ванѓа останала без вид на 12 години, а тоа се случило за време на една страшна бура. Силниот ветер рушел се’ пред себе, по што девојчето паднало и се повредило од ударот во телото и главата. Кога се смирила бурата, Евангелија била пронајдена повредена, речиси затрупана со прашина и песок. Имала силна главоболка и не можела да ги отвори очите. Од тој ден, очите засекогаш ѝ останале затворени, а капаците „залепени“. Ова случување е прикажано и во самата серија.