Денес во Мадрид започна меѓународниот саем за туризам FITUR2024. На саемот присутни се шест туристички оператори од Република Северна Македонија, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и ТАВ Македонија, напиша на својот Фејсбук профил Едмонд Адеми, македонскиот амбасадор во Шпанија..
-Предвидени се голем број средби и можности за соработка. Македонскиот туризам е во раст поради сѐ подобрата понуда за која дознава целиот свет. FITUR2024 е во првите три по значај светски саеми од областа на туризмот и делува како глобален барометар кој ги открива најновите трендови и промени во туристичката индустрија ширум светот. Разновидноста на учесници од целиот свет го прави ФИТУР сеопфатен приказ за иновации и дестинации во развој, вели амбасадорот
.