Лорен Беркли од САД предизвика низа негативни реакции откако објави дека на својата шестгодишна ќерка ѝ дозволила да потроши повеќе од 350 евра на шминка и козметика, со цел да види за кои брендови ќе се одлучи.
Баркли откри дека нејзината ќерка не користи социјални мрежи, па нема претстава кои брендови во моментот доминираат на пазарот.
„Како некој кој се занимава со маркетинг, бев љубопитна да дознаам дали децата се определуваат за одредени производи поради нивниот изглед или поради влијанието што брендовите го имаат во јавноста“, истакна Беркли.
Оваа мајка претходно ја однела својата ќеркичка во популарна продавница за козметика и ѝ дозволила слободно да бира производи две минути. Кога малечката одбрала само четири производи, Беркли ѝ дозволила да продолжи со купувањето.
„Ова беше своевиден социјален експеримент. Сакав да видам дали ќе купи производи од два бренда поради совршената амбалажа. Грејс има само шест години, затоа не ѝ дозволувам да користи социјални мрежи, нема профили и немам намера да ѝ дозволам барем до 15 или 16 години“, вели Беркли.
Таа објави снимка на ТикТок, која за кратко време доби повеќе од 2 милиони прегледи и околу 143.000 лајкови. Корисниците ги споделија своите мислења, при што некои ја осудија мајката поради нејзината дозвола ќерка ѝ да потроши толкава сума на пари на производи кои според нив, се непримерни за нејзината возраст.
Ваквиот случај предизвика дебата на социјалните мрежи за правилното воспитување на децата и одговорноста што ја имаат родителите при изборот на производи за децата. Додека едни ја осудуваат Беркли поради тоа што ѝ дозволила на ќерка си да потроши голема сума на козметика иако има само шест години, други ја бранат мајката наведувајќи дека и тоа е дел од растењето.