Велешани со герила акција утрово испратија порака до градоначалникот Марко Колев.
Тие пред пазарот во Велес беше поставиле мала машина на која било истакната цена од 45.000 евра, но како што велат „продавачите“ таа цена се однесува само за градоначалници.
– На овој начин граѓани од Велес реагираат на јавната набавка на општината која купила машина за бележење хоризонтална сообраќајна сигнализација по цена од 42.000 евра, односно три пати поскапо од иста таква машина што општина Центар ја набавила за 13.000 евра, или речиси три пати поевтино. Набавки на вакви машини по значително повисоки цени има и во други општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, а утрово владејачката СДСМ ги повика надлежното Обвинителство и Антикорупциската комисија да постапат, во врска со таквите набавки, кои според нив, се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните, се вели во информацијата.