Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека изминатото деноноќие, покрај снегот и студеното време, имало повеќе пожари и едно починато лице.
Според податоците од Регионалниот ЦУК Куманово, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, околу 04:20 часот интервенирале на опожарена куќа во село Отошница. Во пожарот имало и починато лице.
– За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и „ЕВН“ да ја исклучи струјата во тој реон. За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР и СВР Куманово, се појаснува во соопштението на ЦУК.