Актерот Џејсон Пристли, кој се прослави со улогата на Брендон во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, и еден од најпопуларните актери во светот денес, Бред Пит, живееле заедно во изнајмен стан кога штотуку упаднале во светот на глумата, пренесува република.рс.
Заедно со уште еден цимер, делеле простор за живеење во, како што рече, полош дел од градот Лос Анџелес, а години подоцна овој актер проговорил за тој период и открил шокантни детали за Пит.
Еден од најсексапилните актери го опиша како „пристоен цимер“ и откри непознати детали за него.
-Одигравме натпревар за да видиме кој ќе издржи најдолго без туширање. Сега размислувам за тоа и си велам: „Човеку, колку одвратно, на што воопшто размислуваше?“ – рекол Џејсон за време на едно телевизиско гостување.
На прашањето на водителката кој е победник, Џејсон како од пушка одговорил:
-Бред, секогаш Бред. Мислам дека веќе не го прави тоа, но тогаш можеше да помине долго време без туширање – шокираше Пристли.
Исто така, тој се потсети како изгледал нивниот заеднички живот пред славата.
-Живеевме од макарони, пиво и цигари Марлборо лајт – рекол актерот.
Пристли и Пит живееле заедно во осумдесетите, кога Пит имал помали улоги, а пред Џејсон да се прослави со улогата на Брендон во култната серија „Беверли Хилс 90210“ по која повеќето луѓе сè уште го паметат.