Фабриката на американската компанија „Адиент“ во Крагуевац, Србија, до крајот на февруари ќе престане да работи. Овој капацитет 11 години произведуваше автомобилски седишта на „Фиат“.
Според информациите на „Крагујевачке новине“, „Фиат“ сам ќе си ги прави седиштата и повеќе не го планира „Адиент“ како снабдувач на опрема за новиот модел на автомобил.
Како што изјавил Вук Арсиќ, вработен во „Адиент“, на работниците им се нуди да аплицираат за трансфер во „Фиат“ или за социјалната програма, односно отпремнини кои се до 600.000 динари.
„Адиент“ е присутен и во Македонија со две фабрики – во Штип и Струмица со 3.500 вработени, ангажирани на производство на навлаки за седишта за автомобили. Македонските капацитети годишно произведуваат по 1,5 милион сетови.