Една девојка откри како отишла на преглед кај нејзиниот татко, гинеколог, и така открила дека нејзиното момче ја изневерува!
Изабел Салас на социјалните мрежи ја сподели својата исповед за нејзиното неверно момче и нејзиниот татко кој и направил гинеколошки преглед. Некои се забавуваа со нејзината приказна, други беа згрозени!
Изабел објаснила дека нејзиниот татко е гинеколог, а отишла кај него на преглед бидејќи тешко може да најде лекар на кој му верува. Меѓутоа, многумина биле зачудени од ваквата семејна ситуација и во коментарите и напишале дека нема да им биде пријатно родителите да ги прегледуваат нивните интимни делови и да слушаат детали за нивниот љубовен живот.
Кога татко ти е гинеколог, а ти одиш на преглед и дознаваш дека дечко ти те изневерува“, напишала оваа девојка. На видеото се гледа нејзиниот татко како благо намуртено ги внесува резултатите од анализата во компјутерот.
Изабел подоцна објасни дека нејзиниот татко и рекол дека има постојани инфекции кои постојано се враќаат и покрај редовната терапија. Така заклучила дека нејзиното момче ја изневерува. Многумина нетрпеливо го чекаат расплетот на оваа ситуација, но девојката не откри дали го оставила своето момче, и што рекол потоа нејзиниот татко.