Една од најполуларните актерки Маргот Роби планира да направи пауза во својата кариера по големиот успех на филмот „Барби“, а за американските медиуми таа ги откри и причините за тоа.
Таа смета дека е време да се направи некоја работа надвор од екранот.
Маргот изјави за „Deadline“ дека сака да се одмори од актерството бидејќи мисли дека на сите им е мачно да ја гледаат по нејзината улога во блокбастерот на Грета Гервиг.
„Мислам дека на сите веројатно им е здодевно да ме гледаат во моментов. Можеби треба да исчезнам од екранот на некое време. Искрено, ако снимам друг филм прерано, луѓето би рекле: „Повторно таа? Ја гледавме цело лето., не сакаме пак. Не знам кој е мојот следен потег“, изјави актерката.
Подоцна во интервјуто таа изјави дека има амбиции да режира свој филм. „Навистина сакам да режирам. Последните седум години чувствував дека сакам да режирам. Но, отсекогаш го гледав тоа како привилегија, а не како право“, рече таа.
„Полека работев на чувството дека заслужувам да режирам. Тешко е затоа што имав среќа да работам и да учам од толку многу големи режисери. Честопати кога ќе ми дојде некој проект си мислам: „Нели биди супер да глумиш во него само за да видиш како го прават тоа? “, вели Маргот.
Таа додава дека навистина е подарок што можела да учи од најдобрите режисери, меѓу кои Грета Гервиг и Мартин Скорсезе. „Не брзам бидејќи чувствувам дека никогаш нема да има доволно време да ги научам сите работи што сакам да ги научам пред да го направам тој чекор, но дефинитивно сакам да го направам тоа“, рече таа.