На 12.01.2024 околу 23 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат с. Смојмирово – Виница, во близина на с. Мачево, беровско, патничко моторно возило „пасат“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(41) од Берово, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.П.(43) од Берово, додека со телесни повреди се здобила Д.Т.(28) од с. Смојмирово, беровско, констатирани во Медицински центар Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.