Биографскиот филм „Недела“ кој го опишува животот на покојниот српски пејач Џеј Рамадановски од 18 јануари ќе биде прикажан во кината низ Србија и регионот.
Инспириран од вистински настани, филмот е создаден по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ, а во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ. Во него се раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост, па сè до големиот успех што пејачот го постигна.
Насловната песна „За крај“, ја отпеа регионалната ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, која синоќа ја објави на својот официјален Јутјуб канал.
Покрај видеото, Цеца им посвети емотивна порака на покојните пријатели и колеги Марина Туцаковиќ и Џеј Рамадановски.
„Сега да ви покажам љубов… Знам дека сте нестрпливи и не сакам да чекате долго. Одбројуваме… Симболично „За крај“ за нашиот Џеј и нашата Марина, Фута и јас…“ – напиша Цеца.