Забавната манифестација ,,Златна буба мара на популарноста,, го најави своето 27-мо издание. Настанот ќе се одржи на 22-ри февруари во арената Борис Трајковски, со почеток од 20 часот, а на рекламниот плакат годинава се најде фотографија од пасош.
Билетите можат да се подигнат од 24-ти јануари, и како и секоја година, тие се распродадени за само неколку часа.
На ланската манифестација недостигаше актерот Сашко Коцев, кој пред тоа 17 години беше нејзин водител. Манифестацијата ја водеа неговите колеги Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски.
Засега е непознато дали актерот годинава пак ќе застане на сцената во улога на водител на манифестацијата.