Фирмата на Јордан Мијалков, Бест веј инвесмент, ги купи трите луксузни стана на Водно кои беа одземени од неговиот татко Сашо Мијалков во случајот ,,Империја”, пишува „Фокус“, повикувајќи се на информација од Агенцијата за управување со одземен имот.
Сега нов сопственик на становите е Бест веј инвесмент.
Оваа компанија пак веќе една деценија е на синот на Мијалков.
Становите се наоѓаат на Водно, на улицата Славејко Арсов, во непосредна близина на куќата на Мијалков, која, исто така, беше конфискувана, но тој си ја врати тапијата откако за неа уплати еден милион евра.
Пред неколку месеци овој имот се продаде за вкупна цена од 332.276 евра, но сопственикот не се откриваше. Директорот Дритон Небиу за ,,Фокус” вели дека тогаш ја немале таа информација.