Во дневникот на сите претседателот Стево Пендаровски беше прашан за коментар за случувањата во М-НАВ и за, како што беше речено, политичкиот циркус денес во Влада, кога пред четири часа излегоа со инфорамции кои ќе бидат нови директори, а потоа по реакцијата на јавноста има ново име.
Пендаровски, кој попладнево бил на именден кај владиката Стефан, се наврати на случувањата од пред Нова Година.
-Тоа трае година-две наназад од познатиот конкурс, таму врие подолг временски период. Ние сме членка на НАТО и не смееше да се дозволи таков скандал во простории на критична инфраструктура да се пресметуваат физички како да е кафеана. Таа институција е зрела за генерален ремонт. Тоа беше брука. Дента ме побараа клучните амбасадори во Скопје и високи преставници на НАТО кои прашуваа дали е безбедно небото и за авиони на НАТО. Во тие прелети имаше два авиони на НАТО, а знаете каде прелетуваат, најчесто во едно подрачје кое е жешко последниве две години. Но, добро е што Владата влезе во расчистување, рече Пендаровски, а за партиските вработувања додаде:
-Не мислам дека само ДУИ е во контрола на таа институција. Долги месеци велам дека една од најголемите опасности за солидноста и перформансот на нашите државни институции е прекумерната партизација, било чија. Ние мора да кажеме стоп, некаде навистина треба да се биде стручен а не партиски подобен. Видео лентите од Обвинителството покажуваат дека таму не станува збор за кошкање, туку за физичка пресметка и телесна повреда на еден од нив. Партизацијата е рак рана на македонското опшество години и години наназад, рече Пендаровски.