На денешната прес-конеференција по повод Вевчанскиот карневал на која свое обраќање имаа Спасе Кочовски, градоначалник на Општина Вевчани, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура и Игор Џамбазов, домаќин и промотор на овогодинешниот Вевчански карневал, а која се одржа во ресторанот „Пелистер”, беше кажано дека во петок 12-ти Јануари со почеток на музичката програма во 20 часот започнува Вевчанскиот карневал, едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица.
Со векови наназад се провлекува ова чествување на празникот каде Вевчанци се маскираат во очи на дочекот на Нова година по стариот календар.
Покрај традиционалните маски на Глупи Август, зетот и невестата секоја година се наоѓаат маски кои директно ја исмеваат или презентираат дадената ситуација или личност која ја одбележаа минатата година.
На голема сцена оваа година посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Јанг Дади, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Наум Петрески со Фолк мерак Лајф, како и локалните и на локалните музичари Перо Бели и Коки Биоритам, но и Оркестарот со зурли и тапани – Вевчани.
Сето ова е само надополнување на главниот настан на карневалот, дефилето на маските кое се случува на 13-ти Јануари во попладневните часови. Тогаш цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосвера.
Вевчанскиот карневал трае од 12-ти до 14-ти јануари каде со василичарското оро и палењето на маските се става крај на овој многу вековен настан.