Светлана Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ ќе бидат главни музички ѕвезди на познатиот „Ромски бал“ во Македонија, кој ќе се одржи на 18 јануари. Двете ќе им пеат во Скопје на едни од најбогатите Роми од овие простори кои живеат насекаде низ светот, пишува српски курир.
Како што дознава курир.рс Цеца за овој настап ќе добие 50.000 евра, додека Теа се задоволила со цифрата од 20.000 евра. Ќе настапат и Ѓогани фантастико за 10.000 евра, како и Сара Рељиќ за 5.000 евра.
На овој 44-ти традиционален „Светски ромски бал“ во еден од најлуксузните македонски хотели во Скопје, покрај пејачите од Србија, ќе пее и Мухарем Сербезовски, како и ромски музички ѕвезди од Македонија: Бернат, Таркан, Џефрина и Цита. .
Овој „Ромски бал“ организиран од Ромите од Скопје, е еден од најпосетуваните и најгламурозните традиционални ромски настани во Европа и собира над три илјади луѓе од сите возрасти од цела Европа.
Цената на билетот за овој настан е 3.000 денари или 50 евра, а покрај богатата таписерија и музика, извесно е дека музичарите ќе бидат опарени и со голем бакшиш, без кој не можат да поминат низ прослави на оваа тип.
Ова нема да биде првпат ниту Цеца, ниту Теа да пеат на ромските прослави, но ова ќе биде првпат да пеат заедно на ист настан, што досега не беше случај.