Отец Рајко Раич, свештеник и вероучител восрпското село Заклопача, стана хит на социјалните мрежи кога, откако ја запали елката, го зеде микрофонот и отпеа песна посветена на неговата сопруга Мира. Ја отпеа добро познатата песна „Јој Радо, јој Радмила“, но малку ја промени, приспособувајќи ја на сопругата, а звучеше како „Јој Миро, попадијо“, пренесува мондо.рс.
Под видеото се појавија многу коментари. Повеќето корисници на социјалните мрежи го осудија ова, но имаше и такви кои го поддржаа.
Станува збор за човек кој е многу познат и популарен во своето село и пошироко. Во една прилика, кога беше помлад, рече дека навива за Партизан, но дека „го надминал тоа како поп“.
Тој за прв пат станапознат кога за време на коронавирусот го кадеше селото со трактор. За време на најголемиот бран на коронавирус, тој го прослави Бадник со локалното население играјќи оро околу црквата.
Дипломирал на Богословскиот факултет, а во Заклопача дошол во 2018 година. Пред секое невреме, отец Рајко чита молитви со биење на црковните ѕвона.