Српскиот политичар Срѓан Ного на Твитер објави фотографија од возилото во кое беше киднапирана и убиена Вања Ѓорѓевска, но и најави дека утре ќе ги објави сите фотографии.
Според датумот на фотографијата, преземена од снимката од безбедносните камери, таа е направена утрото кога Вања била киднапирана, во 07:34 часот. На друга фотографија направена од безбедносните камери на бензинската пумпа (без датум) се гледа ликот на човекот кој го управувал автомобилот, а кој наликува на убиениот Панчо Жежовски.
🔥🔥🔥 ЕКСКЛУЗИВНО објављујем снимак отмице Вање Ђорчевске од 27. новембра у 07.29.30 часова, као и све друге снимке отмичара које су забележиле камере. Такође ЕКСКЛУЗИВНО објављујем и снимак "отмице" Панча Жежовског, фризера из Велеса. Сазнаћете како је текла истрага и ко је у… https://t.co/yzaSp6tRDw pic.twitter.com/I3huL90i3v
— Срђан Ного (@srdjan_nogo) January 4, 2024
„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени со камери. А ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на велешкиот фризер Панчо Жежовски. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупчо Палевски Палчо, а и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и велешанецот Боро Видевски. Очекувајте ексклузивна во петок 05.01. во 16 часот Следете ме“, напиша Ного на својот Твитер профил и споделил фотографии од возило на бензинска пумпа.
Палчо или Панчо? 🤔
Ексклузивно: снимак Панча Жежовског на бензиској пумпи са својим "отмичарем" 👇 https://t.co/upWatMsRAt pic.twitter.com/GhEJBk13c1
— Срђан Ного (@srdjan_nogo) January 3, 2024
„Палчо или Панчо?“ Ексклузивно: видео од Панчо Жежовски на бензиска со неговиот „киднапер““, напиша тој.
Од Обвинителството тврдат, не постои опасност фотографиите што ги објави Срѓан Ного да ја компромитираат истрагата и потенцираат дека ги имаат обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Сепак, велат, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на таквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите, пренесува Телма.