Лидерот на ДУИ Али Ахмети го прослави својот 65- ти роденден, а вицепремиерот Артан Груби му испрати видео честитка со весела атмосфера како во кафеана снименa во државниот кабинет кој го користи Груби каде што е дозволено и пушење цигари.
Откако во јавноста се појавија бура реакции за оваа злоупотреба на државните простории за приватни цели, Груби во изјава за Тв 24 вели дека видеото настанало на 22 ноември минатата година на денот на албанската азбука кога била промовирана песна и спот на авторот на песната што ја пее Ахмети, Илир Шакири.
На видеово роденденски расположени снимено во работната канцеларија на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде шефува Артан Груби се гледа како чади цигара, што е строго забрането и казниво ама за нив законот не важи!!! Уриме 65ка Аљијо pic.twitter.com/Bda4zaDMHQ
— ХаНа🦋 (@HaNa_Taurus666) January 4, 2024
Груби по повод роденденот на својот лидер објави и видео со Ахмети, односно од неговите студенски денови, потоа како командант на УЧК во Македонија, па се до пратеник и главен коалициски партнер од 2001 година наваму.
„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството, на неговиот грб, денеска полни 65 години“, напиша Груби.