Пациентка нападнала лекарка во приватна ординација во Кочани, информираат од СВР Штип.
-На 02.01.2024 во 11.50 часот во СВР Штип, А.Ѓ.(36) од Кочани пријавила дека на работното место – лекар во приватна здравствена установа во Кочани, била физички нападната од 48–годишната Р.Б. од Кочани. По комплетирање на случајот против Р.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во информацијата од СВР Штип.