Прославата на Новата година во Сараево беше вистински спектакл, а жителите на Босна и Херцеговина 2024 година ја дочекаа со „Црвена јабука“, „Забрањено пушење“, „Бомбај штампа“, но и со специјалниот „гостин“, другарот Тито.
Покрај одличната атмосфера, овој дочек ќе остане запаметен и по интересен скеч.
Поранешниот претседател на Југославија и лидер на КПЈ, Јосип Броз Тито, на новогодишната ноќ на присутните во Сараево им се „обрати“ на интересен начин, а се претпоставува дека пораката е генерирана со помош на вештачка интелигенција.
По настапот на „Бомбај штампа“, на сцената излегоа водителите на новогодишната програма Зенит и Аида и „разговараа со другарот Тито“, а во еден момент публиката врескаше од воодушевување.
Во скечот Тито раскажа и анегдота од познатата новогодишна ноќ кога, како што наведува тој, Софија Лорен и Елизабет Тејлор го испратиле славниот холивудски актер Ричард Бартон, кој го глумеше Тито во филмот Битката за Сутјеска, „да купи ќебапи“.
Погледнете го видеото:
@adfood2 Josip Broz Tito se na zanimljiv način obratio sarajevskoj publici u novogodišnjoj večeri✨ #newyear #newyearseve #welcome2024 #sarajevo #bosnia #bosniaandherzegovina #balkan #fyp #foryou #viral #yugoslavia #serbia #croatia ♬ original sound – ADFood