Малата Кристијана е првото бебе во Штип, родено во новата 2024 година во приватната болница „Д-р Органџиски“, неколку минути после полноќ.
-Ова бебенце да ни ја осветли новата година, да ни дари многу здравје, неизмерна љубов, успех во големи дози, радост на секој чекор и среќа на секој жител на нашиот град. Честитки за родителите и целата фамилија, информираат од општината.
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска ја посети првата приватна гинеколошка болница во Штип, каде се роди живо и здраво женско бебе.