Со едни од најголемите балкански хитови, младите од Кочани, но и од околните градови го заокружија последниот петок за оваа 2023 година.
Регионалната музичка ѕвезда, Сека Алексиќ приреди извонредна забава во ресторан „Амор“ Кочани непосредно пред дочекот на новата година. Интерпретирајќи свои, но и песни на други изведувачи, пејачката направи вечер за паметење.
Со елегантен стајлинг претставен преку едноставен црн фустан надополнет со гламурозен накит, таа и овој пат не ги извиси своите обожаватели кои околу два часа уживаа во забавата со предновогодишна еуфорија, што всушност, можеше да се види и на видеата кои пејачката ги објави на социјалната мрежа Инстаграм, доловувајќи ја атмосферата.
Инаку, како што пренесоа и регионалните медиуми, како и секогаш, така и годинава, семејниот дом на пејачката е претворен во вистинска празнична бајка. Преку социјалните мрежи таа ги покажа писмата кои нејзините деца Јован и Јаков му ги напишале на Дедо Мраз покрај уникатната новогодишна елка.